Не е забележан случај на делта плус сојот во земјава, информира Филипче

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека предлог-мерките за вакцинација на администрацијата и здравствените работници и дефинитивно ќе ги претстават пред владата.

-Верувам дека претставниците на синдикатите ќе сфатат колку е важна оваа мерка, рече Филипче пред средбата со нив.

Тој исто така информираше дека анализите на Институтот за јавно здравје не утврдиле присуство на делта плус варијантата на коронавирусот. Тоа е сојот кој е активен во регионот и рапидно се шири.

-48 пациенти се испитаа од дијагностицираните во изминатите недели и кај ниту еден не е забележан делта плус сојот. Не можеме да го запреме. Соочени сме со поголем ризик од нов силен бран. Сега е вистинскиот период, граѓаните да сфатат колку е сериозно. Апелирам граѓаните да се вакцинираат. Мора да го заштитиме здравствениот систем, а со тоа и државата, истакна министерот.

Слични содржини