НЕ ГО ЧЕКА РАЗВОДОТ: Северина е се уште во брак, а се сели на имотот на своето ново момче!

од Nikola Popovski

Северина Којиќ ќе започне да живее заедно со нејзиното момче, винарот Томислав Воштиниќ. За почеток, пејачката ќе пренесе дел од своите предмети на неговиот имот во Иваниќ Град, каде повремено ќе оди и ќе помине неколку дена за да види како тие двајцата ќе функционираат заедно, дознава Курир.

Од кога се дозна дека популарна жена од Сплит e во врска со производител на вино, многумина се прашуваа што се случи со нејзиниот брак со Игор Којиќ. Се шпекулира дека сопружниците не се во добри односи, а во прилог на тоа зборува и фактот дека не се виделе скоро една година. Во меѓувреме, Севe си најде ново момче со кое го помина целото лето, а очигледно наскоро планираат да живеат заедно.

Во меѓувреме, Севе си пронајде ново момче со кое го мина целото лето, а очигледно наскоро планираат да живеат заедно. Извор близок до пејачката вели дека поминува многу време на Граберје Ивановачки, каде што Томислав има имот и винарија, како и дека патувале заедно ова лето, а биле видени и на крстарење на Јадранот. Имајќи предвид дека нивната љубов цвета, двајцата разговарале и за подигнување на врската на повисоко ниво, па Воштиниќ и предложи да започнат да живеат заедно.

Знаејќи дека нејзината ситуација е комплицирана  зашто таа сè уште е мажена за Игор Којиќ, како и дека не е сигурна дали да се пресели кај него, тој и дал идеја се’ да започне полека. Ова значи дека таа постепено би  ги пренела работите, како и дека ќе продолжи да оди во Загреб  во нејзиниот стан, затоа што таму има многу работни обврски. Тој предлог и се допаднал на Северина, па решила да го испроба.

Дали Севе конечно ќе се скраси со новата љубов и што ли ќе биде со Игор со кои сеуште е во брак ќе дознаеме наскоро.

Слични содржини