Не го напуштате домот неколку дена поради мерките? Еве како тоа влијае врз вашето здравје – и како да си помогнете

од Stefanija Kuzmanovska

Иако мерките воведени поради спречување на ширењето на коронавирусот се такви што во моментов не можеме да поминуваме многу време надвор, треба да сме дома поголем дел од денот – особено ако во моментов и работите од дома – сето тоа може да биде лошо за вашето ментално здравје.

Д-р Џо Даниелс, клинички психолог специјализиран за анксиозност и замор, објасни што може да се случи ако ги поминете деновите заклучени во вашите четири sида – во страв од инфекција и од целата ситуација.

„Нормално е што не сакате да излегувате, не грижете се. Во ова време од годината, ние обично одиме во хибернација. Значи, разумно е да се повлечеме во затворени простори“, рече таа.

Сепак, како и другите експерти, таа верува дека треба да ги „полните батериите“ на свеж воздух на дневна основа. Според LADbible, проблемите со менталното здравје главно произлегуваат од неисполнување на нашите основни потреби. Ако останеме дома премногу долго, тоа значи дека немаме пристап до некои работи што ни требаат – и не само што ќе страда менталното здравје, туку и физичкото.

Како што вели Даниелс, физичката активност е клучна за менталното и физичкото здравје, бидејќи ни помага да се ослободиме од стресот и вознемиреноста, а исто така ослободува ендорфин и не прави поспособни да одговориме на инфекцијата.

Покрај тоа, многу е важно да се продолжи, колку и да е тешко, да се сретнувате со луѓето и да се прави тој контакт „лице в лице“.

„Ние сме социјални суштества на кои им е потребно тоа, но друга причина е што разговорот со другите ни дава нова перспектива за одредени ситуации. Колку подолго ќе поминете дома, толку повеќе ќе се фокусирате на некои од вашите грижи и проблеми, а тоа не го одвлекува вниманието од целата ситуација.

Нагласува дека е важно да се воспостави баланс.

„Убедувањето на луѓето да излезат надвор ако навистина не сакаат, всушност има спротивен ефект и менталното здравје може да се влоши. Затоа, преземете мали чекори, ако сте биле долго време дома, направете кратка прошетка. Зголемете го темпото со текот на времето. Пронајдете одредена рамнотежа помеѓу затвореноста во домот и излегување надвор“.

Слични содржини