Не Хрватска, туку Германија и Франција го отежнуваат членството на Србија во Европската унија, објави Б92.

 

Ова е објавено од хрватскиот весник Јутарњи лист, цитирајќи го  EURACTIV.com.  Написот потсетува дека секоја земја-членка има право на вето за пристапување.

И покрај очекувањата, вистинските пречки за српската цел се другите,  а не Хрватска  се вели во публикацијата.

Сепак, тензиите меѓу Србија и Хрватска продолжуваат и покрај изјавата на Белград дека “времињата се различни денес”.

Остри зборови тие  си  разменија  и пред еден месец.

Србија и Хрватска  се со болните сеќавања на војната од 1991 до 1995 година.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во тоа време ја споредил Хрватска со нацистичка Германија.