„Не ми треба секс, шест години не сум имала“: Дру Баримор откри зошто апстинира

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата американска актерка Дру Баримор откри дека не била во врска откако се разделила со Вил Копелман во 2016 година, додавајќи дека нејзиниот поглед кон сексот е целосно променет.

Неодамна на својот Инстаграм профил објави фотографија на која држи лаптоп, додека во описот на објавата ги наведе своите следбеници да прочитаат „многу лична приказна“ што ја напишала, а се однесува на апстиненцијата на самохраната мајка.

„На речиси 48 години се чувствувам сосема поинаку за интимноста отколку кога растев. Немав родители кои ми беа примери, а од мала се дружев со луѓе на возрасен начин“, откри актерката позната по улогата во хит филмот „Чарлиевите ангели“.

Таа наведе дека во минатото барала „возбуда, потврда и авантура“ преку сексот, а со оглед на тоа дека не може да го промени своето минато, мајката на две деца рече дека избира да гледа на ситуацијата на позитивен начин.

„Откако имав две деца и се разделив од нивниот татко, го променив фокусот кога станува збор за љубовта кон себе и моите две ќерки“, продолжи таа, додавајќи дека тоа не ги вклучува мажите, и тоа не ги вклучува некое време.

Таа потоа прокоментира дека еднаш терапевт ѝ рекол дека сексот не е љубов, туку само израз на љубов.

„Цел живот барав такви зборови кои ќе ми помогнат да ја разберам разликата и сега благодарение на него ја правам“, истакна филмската ѕвезда.

„Од кога сум самохрана мајка, не можев да имам интимна врска“, призна таа и нагласи дека можеби наскоро ќе може да влезе во врска, но дека тоа во никој случај не ѝ е приоритет.

„Јас не сум личност на која ѝ треба секс. Јас сум некој кој е длабоко посветен да го охрабри начинот на кој младите девојки, моите ќерки и јас како жена, треба да функционираат во овој свет“, рече Дру.

Таа потоа појасни дека не мрази секс, туку едноставно сфатила дека љубовта и сексот не се иста работа.

Да потсетиме дека актерката во своето шоу „The Drew Barrymore Show“ откри дека може да помине години без секс откако дозна дека актерот Ендру Гарфилд шест месеци апстинирал за улогата во филмот „Silence“ од 2016 година.

А претходно оваа година, таа дури и се расплака додека разговараше за нејзиниот љубовен живот со водителот Боби Бурк на CBS Mornings.

Слични содржини