Не мора да ги толкувате: Овие два знака се како отворена книга

од Elena Daskalova

Некои луѓе умеат вешто да го скријат она што го мислат и да одглумат дека со нешто се во ред или дека се фини и културни. Тоа е одлична вештина, но е и криење на вистината.

Но, на двајца претставници на хороскопот, говорот на телото и изразот на лицето можат сосема точно да откријат што мислат и чувствуваат, колку и да се обидуваат да скријат.

Можете ли да претпоставите за кого станува збор?

Лав

Лавовите навистина не сакаат да губат време прикажувајќи се себе во некое лажно светло, па затоа не ни кријат какви се навистина. Секој поглед, секоја гестикулација, точно открива што мислат за вас и за она што им го кажувате или барате од нив. Кај нив едноставно, не постојат маски.

Риби

За разлика од Лавовите, Рибите некогаш се трудат да скријат што точно чувствуваат, но тоа воопшто не им оди од рака, бидејќи природата им е драматична и отворена. За нив барем секогаш ќе знаете што точно мислат, дури и кога очајнички се трудат да го прикријат тоа.

Слични содржини