Не можам да кажам дека советниците на премиерот се непродуктивни и непотребни, тврди Битиќи

од Vladimir Zorba

„Сметам дека висината на плати и бројот на советници во овој момент се нужни за функционирање на канцеларијата на премиерот, како и функционирањето на канцелариите на сите други министри, вклучително и мојот кабинет. Тоа би требало да го гледаме од аспект на тоа дали е рационално или ирационално направено“, изјави денекса на новинарско прашање Вицепремиерот за економски прашања – Фатмир Битиќи.

Според него, бројот се поистоветува на функциите кои ги извршуваат и претседателот на Владата би требало да биде адекватно информиран во кој било момент.

– Ние покажавме дека грижата за граѓаните е на прво место и дека ќе обезбедиме средства и во овој тежок период ние обезбедуваме средства преку рационализација на други непродуктивни места, а секако местата на советниците не можам да кажам дека се непродуктивни и непотребни во овој момент, изјави Битиќи.

Синоќа на веб-страницата на Владата беше објавен бројот на вработени во кабинетот на Заев и нето-платата што ја добиваат, на кој има 23 имиња.

Слични содржини