„Не можам повеќе да го издржам ова“: Се разведуваат Ванда и Мауро Икарди

од Stefanija Kuzmanovska

Кризата во бракот на познатиот фудбалер Мауро Икарди и контроверзната Ванда Нара ја достигна својата кулминација – парот реши да се разведе.

Ванда отпатува во Буенос Аирес за да стави точка на бракот со аргентински фудбалер.

„Кармен, дојдов во Аргентина да го финализирам разводот со Мауро. Ќе останам неколку дена, а потоа ќе се вратам да ти дадам се што ти треба. Не можам повеќе да го издржам ова и побарав развод од Мауро“, изјавила Ванда во една аудио порака.

Во меѓувреме, Ванда го отстрани презимето Икарди од Инстаграм и сега е само Ванда Нара.

Таа неодамна беше на одмор на Ибица и од нејзиното однесување беше јасно дека бракот не ѝ „цвета“.

Таа се шегуваше гола на плажа, отворено флертуваше во ноќните клубови и дозволи непознат маж да ѝ ги бакнува градите за време на забава.

Да потсетиме дека нивниот брак беше во сериозна криза во 2021 година кога Ванда дозна дека Мауро ја изневерува. Ванда тогаш јавно го осуди својот сопруг на Инстаграм:

„Уште едно семејство кое го уништи поради ку**а“, напиша таа тогаш.

Да потсетиме дека Ванда и Мауро се запознаа додека Аргентинката беше во брак со неговиот пријател Макси Лопез.

Љубовната врска, чии актери беа Мауро Икарди, Ванда Нара и Макси Лопез, ја потресе светската јавност во 2013 година. Дефинитивно е еден од најинтригантните триаголници во светот на спортот. Мауро и Макси беа најдобри пријатели, додека не се вмеша Ванда. Таа одлучи повеќе да не биде госпоѓа Лопез, туку Икарди.

Икарди и Ванда се заедно осум години и имаат две деца.

Слични содржини