Не може да отстапиме пред Скопје, рече потпретседателката на Бугарија

од Nikola Popovski

Проблемите со Република Северна Македонија се поврзани не само со минатото, туку и со јазикот на омраза кон граѓаните со бугарска самосвест. Ова го изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова во разговор со претставници на францускиот Сенат, цитирана од БНТ.

Јотова е во Париз за да учествува на светски форум за еднаквост меѓу мажи и жени.

Француската страна посочи дека се надеваат дека ќе најдат решение со Република Северна Македонија за време на нивното претседателство со Советот на ЕУ во 2022 година.

Од своја страна, потпретседателката рече дека „Бугарија не може да отстапи од својата позиција“.

Слични содржини