Не можеме да очекуваме дека економијата од сето ова ќе излезе без повредени, вели Муслиу

од Vladimir Zorba

„Повеќе внимание треба да се посвети на средните и микро претпријатија, во однос на вбризгувањето на финансиски средства, додека кај големите компании треба да се зголеми помошта за одржување на работната сила. Не можеме ние да очекуваме дека нашата економија од сево ова ќе излезе без повредени“, изјави Алберт Муслиу вечерва во „Само вистина” на „Канал 5“ ТВ.

Тој смета дека економијата ќе биде поеластична дури и од западноевропските економии затоа што нашите компании навикнале да работат во опкружување и услови кои не се многу лесни.

– Тоа е предност на нашите компании. Верувам дека допрва следуваат сериозните бројки, меѓутоа не верувам дека ќе имаме драматични последици врз економијата ако добро го испланираме финансискиот пакет, посочи Муслиу.

Слични содржини