НЕ МУ УСПЕА НИТУ НА ФЕДЕРЕР: Бенчиќ донесе злато за Швајцарија во сингл

од Vladimir Zorba

Белинда Бенчиќ влезе во историјата на швајцарскиот тенис освојувајќи златен медал со победа против Марта Вондрушова со резултат 7:5, 2:6, 6:3.

Мечот траеше два часа и 28 минути, а во дуелот кој одбележа голем број на прекини, подобро се снајде Бенчиќ.

Таа успеа да го направи она што не успеа ниту Роџер Федерер ниту Стен Вавринка, а тоа е злато во сингл конкуренција.

Елена Свитолина од Украина го освои третото место во женски сингл.

Слични содржини