Не очекувам некој од министрите од ДУИ да ја напушти Владата, порача Османи

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи и член на ДУИ, Бујар Османи откри за што ќе се разговара денеска на првиот состанок на новото Централното претседателство на ДУИ.

-Тоа што е најавено. Прво е конститутивната седница на Централното претседателство. Има неколку точки, прво мислам дека ќе се бираат секретаријатите и советничкиот тим на Ахмети и после тоа ќе има евалуација на работата на избраните функционери односно сите што се избрани од партијата, рече Османи пред влегувањето во седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Османи не очекува некој од министрите од ДУИ да ја напушти функцијата во Владата.

-Мислам ќе почне дебатата и не очекувам да има некои позначајни одлуки во тој правец, истакна Османи.

 

Слични содржини