Не правете ја оваа ГРЕШКА за време на ПОЈАДОКОТ, може да предизвикате анксиозност

од Stefanija Kuzmanovska

Постои здрав појадок, и појадок кој го зголемува стресот. Дали знаевте дека тоа може да биде еден ист оброк?

Слушаме толку многу за важноста на утринските рутини, и секако појадокот како најважен оброк во денот.

Дали знаете дека понекогаш во овие совети се кријат замки? Тие се особено незгодни ако сте перфекционист и се обидувате да направите сѐ на најдобар можен начин за себе и за другите. Ако ја направите оваа грешка, може да предизвикате анксиозност, предупредуваат експертите.

Психологот Хан Рен објаснува дека е добро да имаме навики и рутина, но дека тие можат да нѐ одведат до крајност на ригидност, каде тој распоред ќе ни предизвика дополнителен стрес, без разлика дали ги правиме планираните работи или ги пропуштиме.

Кога планирате како треба да изгледа вашето утро, не ја земате предвид реалноста и пречките на патот. Ќе бидете нервозни ако не ги постигнете здравите навики, а остатокот од денот ќе се чувствувате лошо, како да сте потфрлиле некаде. Ќе си префрлите себе си и ќе создадете дополнителен стрес во пресрет на следниот ден за да ја поправите „грешката“.

– Стресот може да започне уште со појадокот – објаснува психологот.

– Често слушаме дека треба да појадуваме во мир, полека, бидејќи брзото јадење храна не е здраво. Но, ако живеете брзо, или имате деца, едноставно нема да имате време за појадокот да трае половина час, да јадете сѐ и полека да џвакате – вели Рен.

– И ќе се обидете да го продолжите појадокот додека чекаат други обврски, поради што ќе бидете под стрес и ќе имате чувство на вина. И не сте направиле ништо за да се чувствувате подобро. Знајте дека понекогаш е подобро да изберете здрава навика која ви одговара. Ако тоа е сон подолг од половина час, и појадок во брзање, започнете го така утрото. Одржувањето на менталното здравје се заснова на принципот дека треба да правиме сѐ онака како што најдобро ни одговара – рече тој.

Слични содржини