Не престануваат заканите со бомби, евакуирани девет училишта

од Nikola Popovski

Повторно заканувачки мејлови за бомби пристигнаа на адресите на неколку средни училишта во Скопје. Учениците и вработените се евакуирани, а наставата во прва смена е прекината и најверојатно нема да продолжи.

-Денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР преку соопштение.

Речиси секој ден на 26 октомври на електронските адреси на скопските средни училишта почнаа да пристигнуваат заканувачки мејлови за поставување бомби. Изминативе денови, заканувачки пораки добија и некои основни училишта во Скопје, како и училишта во градовите во внатрешноста на земјата.

Слични содржини