Не претерувајте со алкохолот, ви го уништува тенот

од Elena Daskalova

Во пресрет на предновогодишните прослави, како и дочекот на Новата година, еден шведски бренд за козметика потсетува дека алкохолот ја уништува кожата и дека мора да бидеме умерени во консумирањето.

Unsplash

Според институтот ФОРЕО од Стокхолм, каде се развиваат нови и напредни козметички производи, алкохолот е еден од најголемите виновници за несакани траги на лицето, од кои на прво место е текилата, а потоа се вотката, пивото и виното. Оттаму откриле дека постои нешто што се нарекува мамурлак на кожата, а сигурно и самите сме го забележале кај себе секогаш кога ќе испиеме некоја чашка повеќе.

Најголеми непријатели на кожата се текила, вотка, пиво, бело вино и црно вино, а на врвот е и „кралот“ на прославите – шампањот.

Пивото предизвикува потекување на кожата, по црвеното вино може да забележите иритации на кожата, црвенило се појавува после белото вино, а жестоките пијалаци како вотка и текила може да предизвикаат појава на акни.

Поради тоа, мора да бидете внимателни со испиените количини, потсетувајќи се секогаш дека секоја испиена чашка влијае негативно врз изгледот на вашето лице.

Слични содржини