Не разговаравме за неговото заминување: Бекам откри што мисли за принцот Хари

Дејвид Бекам гостувајќи во емисијата Entertainment Tonight изјавви дека е горд на војводата од Сасекс и на неговата одлука заедно со сопругата да ги напуштат должностите како членови на кралското семејство.

Британскиот фудблер, кој со Хари е долгогодишен пријател, рекол дека принцот е „исклучителна личност“ пишува Daily Mail.

„Го сакаме“, рекол во свое и во име на сопругата Викторија.

„Горд сум бидејќи гледам како се развива како личност и како станува добар татко, а на секој татко важен му е квалитетот на односот со децата“, рекол Бекам.

Фудбалерот кој во мај 2018 година со сопругата биле меѓу повиканите на венчавката на Хари и на Меган, рекол дека со Хари никогаш не разговарал за неговата одлука околу преселбата.

„Не разговаравме за некоговото заминување. Разговаравме како добри пријатели, што мене ми е најважно. Мислам дека навистина ужива во улогата на татко и за тоа често зборува. Кога ќе станете родтел, се ви се менува. Тој заслужува да биде среќен“, рекол поранешниот фудбалер.

Слични содржини