Не реков да не се гласа за Шилегов, вели Петровска

од Nikola Popovski

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од граѓанското здружение „Зелен хуман град“, Ана Петровска вечерва демантираше дека повикала да не се гласа за Шилегов во втриот изборен круг.

„Одредени интернет портали објавија текстови со наслов ‘Ана Петровска: Не гласајте за Шилегов’, што е неточно пренесување на изјавата од моето гостување на ТВ24. Како и претходно, јас се оградив од мое поврзување со некоја од големите партии и истакнав дека не поддржувам ниту еден кандидат, односно приоритет е застапување на зелените вредности во Советот на Градот Скопје“, вели Петровска, истакнувајќи дека секој граѓанин треба да гласа слободно и по сопствено убедување.

Слични содржини