„Не сакаат да се вакцинираат? Нека останат во Европа, подобро за мене“

од Vladimir Zorba

Французинот Беноа Пер не успеа да се пласира во следната рунда на Мастерсот во Париз, но имаше интересна порака.

Тој беше поразен од Пабло Карењо Буста со 6:3, 6:4 и така разочаран го напушти натпреварувањето во Берси.

Пер, кој моментално е на 47. место на листата, коментираше на темата вакцинирани и невакцинирани тенисери и дали двојната доза од вакцината ќе биде услов за настап на Австралија опен.

Истакна дека за него е подобро да дојдат што помалку врвни играчи во Мелбурн, доколку не се вакцинирани.

„Не давам 5 пари за оние што не се вакцинирани. Искрено, ако не играат, добро е за мене. Бев позитивен на УС Опен 14 дена, сите играа, а јас седев во собата. Ако момците не сакаат да се вакцинираат и не сакаат да играат на Австралија опен, подобро“, изјави Пер.

Исто така рече дека е многу мотивиран да биде подобар следната сезона.

„Ако одам само јас, ќе бидам многу среќен“, се пошегувал тој и додаде: „Можете да видите дека и онака не ми е грижа што прават другите играчи. Мотивиран сум да имам многу добра следната сезона. Ако има такви кои се плашат да се вакцинираат, нека биде така и нека останат во Европа“, заврши францускиот тенисер.

Слични содржини