Не се кријат повеќе: Џеј Ло и Бен Афлек заедно во јавност (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално потврдија дека се заедно, пренесуваат американските медиуми. Двојката е фотографирана како во прегратка влегува во ресторан во Мајами.

Парот бил виден на интимна вечера, по што папараците ги снимиле како одат кон автомобилот, а се шпекулира дека веќе интензивно размислуваат за нивната заедничка иднина.

„Ова не е обична врска. Тие се сериозни во сè и сакаат сè да потрае овој пат“, тврди извор кој додава дека и покрај сè, Џенифер и Бен ги ставаат своите деца на прво место, кои ги добија во претходните бракови.

Слични содржини