Не се откажувам, можат да ме напаѓаат колку сакаат, вели Арсовска

од Nikola Popovski

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска денеска потенцира дека не ѝ пречат нападите од нејзините политички неистомисленици.

-Се обидуваат да извршат извесен притисок, меѓутоа можам да кажам дека не се откажувам, можат да напаѓаат колку што сакаат. Знам дека притисокот е голем, но мора да се знае дека во Скопје има личност кој што сака да стави ред, сака да има систем и сака сето она што се случувало досега, да не се случува, рече Арсовска во емисијата „Само вистина“.

Таа информира дека нема никаква комуникација со нејзиниот претходник Петре Шилегов.

-Во текот на изборната кампања кажав дека за сите оние навреди кои ми ги упатија, очекував дека ќе ми се извинат, но не дојде до тоа. Сите напади се иницирани од денот кога кажав дека ќе има одговорност. Ние работиме врз основа на факти и податоци. Немам некоја посебна соработка со централната власт. Ова што се случи со енергетската криза, имаше соодветни индиции уште од минатата година. Многу земји презедоа чекори, но кај нас се доцнеше. Се планира однапред, а не да се санира откако ќе настанат кризите, рече Арсовска за нејзината конекција со централната власт.

Слични содржини