Не се плаши од коронавирусот: Португалски фудбалер потпиша за Вухан

од Nikola Popovski

Португалскиот фудбалер Даниел Карико реши да се пресели од Севиља во кинескиот Вухан.

Овој трансфер е прилично изненадување, бидејќи овој град е познат како епицентарот на коронавирусот.

Секако, 31-годишниот Карико сè уште нема да патува за Кина и ќе контактира со клубот веднаш штом ќе се исполнат условите.

Фудбалскиот шампионат во Кина е одложен на неодредено време поради коронавирусот во кој загинаа повеќе од две илјади луѓе.

Карико никна од редовите на Спортинг Лисабон, а по настапите за АЕЛ Лимасол и Олјанансе, тој играше за Рединг пред да се пресели во Севиља, за која настапуваше шест сезони.

Слични содржини