Не се почитуваат мерките за заштита-парковите станаа собиралишта за дружба

од Берта Китинска

И покрај превентивните заштитни мерки  против ширење на коронавирусот младите по затворањето на угостителските објекти се собираат во поголеми групи навечер на различни локации низ градот.

Вчера доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, даде предлог да се забрани движење од 22-04 часот во Градскиот парк и Водно.

-Затворете ги за секакво движење градскиот парк и водно од 22-04 часот.Станаа легло на алкохолизам и наркоманија на малолетниците. Економската загуба ќе биде 0%, а здравствениот ефект ОГРОМЕН !!!!, напиша на својот Фејсбук, Беќаровски.

Британската мутација во земјава забрзано се шири. Веќе неколку  општини ширум земјава побараа од властите да се воведе полициски час поради влошената епидемиолошка состојба.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.

Фото: Фејсбук

Слични содржини