Не се преземени никакви мерки на ограничувања: Откриена е тајната на рускиот град, во кој не е забележан ниту еден случај на Ковид-19

од Nikola Popovski

Ниту еден случај на коронавирус не е регистриран во рускиот град Сајанск во регионот Иркутск, иако градоначалникот Олег Боровски одбил да воведе рестриктивни мерки, јавува „КП.РУ“. Од почетокот на епидемијата, салоните за убавина, градинките, па дури и трговските центри се отворени во градот.

Како што се наведува, училиштата биле затворени, „исклучиво заради интересот за учење од далечина“, како и рестораните и клубовите, затоа што би било „многу лошо“ да се работи за време на пандемијата.

„Кај нас страдаат повеќе од грип отколку од коронавирус. Во Сајанск регистрирани се 10 видови пневмонија, кои немаат никаква врска со вирусот. Затоа треба да воведам карантин? “, прашува градоначалникот.

Главниот експерт за епидемиологија на Министерството за здравство од регионот Иркутск, Ирина Лисјанска, посочува дека овој феномен нема научно објаснување. Епидемиологот Јури Лисанов претставил две верзии – првата е слабото тестирање за коронавирусот. Сепак, тој посочува дека во тој случај, сите луѓе би биле заразени, но дека болеста би била асимптоматска, што, не е можно.

Друга верзија е дека коронавирусот во Сајанск веќе бил во јануари и февруари, кога е забележано ненадејно зголемување на бројот на пациенти со пневмонија. Како што се наведува, вирусот од Кина во тоа време се раширил низ Сибир, кој се чини дека сега ја надминал епидемијата. Како резултат на тоа, моментално има мал број случаи пријавени во регионот.

„Можно е малиот град Сајанск да се стекне со колективен имунитет напролет. Тие имаа среќа“, истакнува научникот.

Лисанов го насочи вниманието на уште две „необични“ места во регионот Иркутск кога станува збор за бројот на заразени со коронавирусот. Станува збор за градот Шелеков и округот Черемхов. Вирологот смета дека се потребни дополнителни истражувања за да се разјасни зошто овие места не се засегнати од вирусот.

Слични содржини