Не секогаш здравата храна е здрава

од desk2

Сигурно многу пати ви рекле дека нешто е здраво и дека никако не можете да претерате јадејќи го тоа.

Но неумереноста никогаш не била добра, дури ни кога станува збор за нешто здраво. Овие намирници престануваат да бидат здрави кога со нив сериозно ќе претерате.

Суво овошје

Сувото овошје содржи три пати повеќе шеќер од свежото овошје и многу малку влакна, што не е добар однос на хранливите материи. Многу луѓе јадат суво овошје мислејќи дека не грешат бидејќи овошјето е многу здраво. Избегнувајте го сушеното, свежото е секогаш подобро.

Хумус

Две лажици хумус содржат 50 калории. Но луѓето често ќе се занесат и ќе изедат многу повеќе од две лажици, бидејќи сметаат дека не можат да претераат со нешто што е здраво, како што е хумусот. Запомнете – не повеќе од две лажици во еден оброк.

Кисели краставички

Тоа што краставичките се зеленчук и тоа што се здрави не значи автоматски дека се здрави и киселите краставички. Тие се преполни со натриум, а производителите често во нив додаваат и шеќер.

Шлаг

Само 200 грама шлаг може да содржи 600 калории. Ако шлагот се јаде со некоја овошна мешавина, тој може да биде здрав, но само во минимални количини. Во спротивно ќе внесете премногу калории, а нема да се чувствувате сито.

Слични содржини