Не сите Словаци се задоволни од Фицо: Илјадници луѓе протестираа затоа што тој отиде во Москва

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Неколку илјади граѓани вчера излегоа на улиците на словачката престолнина Братислава и други градови во знак на протест против посетата на премиерот на таа земја, Роберт Фицo, на Москва.

Фицо присуствуваше на годишната руска воена парада по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија.

Фицо беше единствениот лидер на земја-членка на Европската Унија што присуствуваше на настанот и беше критикуван за неговиот проруски став.

Најголемиот протест се одржа во Братислава.

„Овој датум е Ден на Европа, но не за секого. Роберт Фицо ќе го помине со воен злосторник“, објави организаторот на протестот на Фејсбук, алудирајќи на Владимир Путин.

Шефицата на ЕУ, Каја Калас, исто така, остро го критикуваше патувањето на Фицо во Москва.

„Секој што ја поддржува слободата, независноста и европските вредности треба да биде денес во Украина, а не во Москва. Фицо е на погрешната страна“, рече таа.

Словачкиот премиер го бранеше своето патување во пораки на Фејсбук до своите поддржувачи. Тој рече дека со патувањето им оддава почит на оние кои загинаа за ослободувањето на Словачка од нацистичката власт.

Слични содржини