Не сме приврзок на СДСМ, вели Милевски

од Nikola Popovski

Лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски уште еднаш ги демантира обвинувањата дека неговата партија е приврзок на СДСМ.

-Ние како партија тежиме. Не сме приврзок на СДСМ, како што велат од опозицијата. Треба да се ценат малите партии. Шилегов викаше дека нема ние како партија нема да добиеме ниту едно место во Советот на град Скопје, а ние добивме две, а поранешниот градоначалник остана без нов мандат, рече Милевски.

Претседателот на ЛДП бара што поскоро воведување на една изборна единица, од тие причини.

-Мали се варијаблите за шест или една изборна единица. Цензусот за нас не е проблем. Дали 1,5 или 2. Сепак се над 2,5 е премногу за нас, прокоментира Милевски.

 

Слични содржини