„НЕ за задолжителна вакцинација“: Протест пред Собрание против новите ковид- мерки

од Берта Китинска

„Терапијата против ковид е смрт“, „вакцината е отров“, „НЕ за задолжителна вакцинација“… беа дел од пораките кои  вечерва беа упатени кон надлежните на протестот кој се одржа пред Собранието, по најавените  коивд-мерки.

-Протестираме против новите мерки,  загрозени се човековите права бидејќи немаме голем избор, или вакцинација или трошоци за постојано правење на ПЦР-тестови кои чинат околу две илјади денари,вели една од учесничките на протестот.

Во говорите на протестот покрај упатените  пораки дека никој не смее да бара задолжителна вакцинација имаше и говори во кои беа посветен на теориите на заговор со вакцините и коронавирусот.

Комисијата за заразни болести на Владата ѝ предложи да донесе одлука во јавниот сектор да биде задолжително при доаѓање на работа да се покаже сертификат за примена вакцина против ковид-19 или да се прикаже негативен ПЦР тест не постар од 72 часа направен на трошок на вработениот кој не сака да се вакцинира.Воедно новите мерки предвидуваат и задолжителна вакцинација кај здравствените работници.

Слични содржини