„Не знам кој е тој што ќе се обиде да влезе во корупција“, вели Николовски за законот за автопатите

од Берта Китинска

Корупција е тоа што со години немаме автопати, а имаме проекти од пред 20 години, многу анекси што се случуваат, промени на цени и што не видовме во последните 30 години, вели вицепремиерот за корупција, Љупчо Николовски во коментар за забелешките на Антикорупциската комисија за законот кој предвидува изградба на автопати со стратешки партнер.

Тој напомена дека државата нема време за чекање.

-Затоа и како потпретседател на Влада ќе дадам максимална поддршка на се она што е добро. Законот во Собрание не значи обврзувачки дека се склучува договор туку дека се обврзува односно Владата има право да започне јасни постапки со вклученост на експерти, меѓународни консултантски постапки, јасна и јавна транспарентна постапка со вклученост на опозиција и граѓани, сè со цел да имаме реална изградба на автопати и поддршка од стратешкиот партнер на државата. И не знам кој е тој што ќе се обиде да влезе во корупција кога станува збор за најголеми светски компании и е со поддршка на сите меѓународни поддржувачи на нашата земја. Треба да бидеме претпазливи во поглед на сè, ќе дискутираме за сите прашања, сите можни ризици, но имаме и обврска да дадеме поддршка на клучните процеси, вели Николовски.

Слични содржини