„Недела неработен ден“ за некого одмор, за другите обичен работен ден

од Берта Китинска

Правилото „недела неработен ден“ се уште е актуелна тема изминативе денови отокао беш соопштено дека вработените  кои нема да бидат опфатени ќе добијат дупла дневница воедно и слободен ден.

Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат тој ден ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела, изјави  вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Она што треба да ги радува граѓаните е дека недела е неработен ден и ден на неделен одмор. Ова е формулацијата што е дефинирана меѓу синдикатите и Организацијата на работодавачи. Ќе има исклучоци  за 34 дејности и дејностите кои се поврзани со колективните договори потпишани во секоја гранка и да добијат дополнителен ден одмор.Она за што уште се разговара е дали слободниот ден ќе треба да биде искористен веднаш во наредната работна недела или до крајот на следната, вели Битиќи.

Првите реакции пристигнаа од Занаетичската комора кои бараат проширување на листата на дејности кои ќе можат да работат во недела. Бараат да влезат и  пекари, слаткари, кетеринг, фризери, козметичари цвеќари, забавни игри и други дејности за кои како што велат недела е неопходна за вршење на дејноста.

Од  Стопанската комора пак велат дека доставиле забелешки до министерството, а со став ќе излезат откако ќе го добијат конечниот текст.

Иако се интензивирани разговорите помеѓу сите засегнати страни, примената на законот ќе биде одложена за на есен.

Како што е познато, една третина од работниците ќе можат да уживаат во оваа законска норма, додека 34 дејности ќе бидат во можност да работат.

Освен за армијата, војската и фабриките кои не може да го прекинат производството, неделата останува работен ден за аптеките, бензиските, транспорт, медиуми, пожарникарски и погребални услуги, прехрана, хотели.

Слични содржини