Актуелно
Почетна / Магазин / Неделен хороскоп: На Близнаците ништо не им оди од рака, Девиците се незадоволни

Неделен хороскоп: На Близнаците ништо не им оди од рака, Девиците се незадоволни

Овен

Не започнувајте нови соработки, нема добро да излезат. Оваа недела е совршена за завршување на обврските. Втората половина ќе биде подобра за комуникација. Неодлучни сте. Докусирајте се на работата бидејќи може да имате проблем доколку не вложите енергија. Држете се до планот и се ќе помине без проблеми.

Бик

Нема баш се да оди идеално на работното место. Бидете амбициозни. Внимавајте што и на кого му зборувате. Некои луѓе можат да ви направат проблеми. Во втората половина од неделата побрзо ќе ги обавувате обврските.

Близнаци

Занимавајте се со спорт. Ќе бидете поенергични од четврток. И понатаму не ви се подобрува комуникацијата со другите. Вашиот владетел е ретрограден и ништо не ви оди од рака. Не оптеретувајте се со туѓото мислење, завршувајте ги сопствените обврски. Можно е враќање на некоја личност со која сте биле во врска или во контакт, но вие треба да одлучите дали е добро за вас или не. Зафатените, задоволни сте со својот љубовен живот, нема промени.

Рак

Посветете се на семејството. Многу сте напнати поради финансиската состојба, но тука ништо не се менува. Мора повеќе да работите. Можни се непредвидени трошоци. Воозбилете се на рбаота и внимавајте, можно е да имате проблеми доколку не сте фокусирани. Не потпирајте се на другите. Во врската можни се проблеми и караници. Доколку сте слободно, не е добра недела за нови почетоци.

Лав

Можни се големи недоразбирања со пријателите. Не е време за сериозни разговори. Внимавајте во сообраќајот и проверете ги документите. Доколку мора да одите на подолг пат, одложете го. Финансиската ситуација е задоволителна, но може да очекувате и некои понуди кои биле успешни. Што се однесува до љубовта, се е идеално. Доколку сте слободни, преку интернет или пријател е можно ново познанство.

Девица

Не сте задоволни со ситуацијата на работното место, ниту во приватниот живот. Вашиот владетер Меркур оди ретроградно, така да се ќе чувствувате поспоро од вообичаено. Сега е време да ги завршите започнатите работи. Доколку чекате некој одговор во врска со работата, сега постои можност тоа да се реши. Комуникацијата со партнерот е лоша, не можете да се разберете. Доколку сте слободни, склони сте кон флерт и страствени сте.

Вага

Имате впечаток дека никој не ве разбира. Потрудете се да направите компромис со другите. Пријателите може да ви се од помош оваа недела. Не носете нагли одлуки кои можат да донесат големи промени. Напнати сте и тоа се пренесува на работата, но не и на љубовта. Време е за заљубување, а доколку сте зафатени, ќе уживате со партнерот.

Скорпија

Обидете се да внесите малку повеќе енергија, а помалку да се нервирате. Иако имате доста работа, некои луѓе од вашието опкружување може да ви прават проблеми. Некоа личност со која и предходно сте соработувале можно е повторно да ви понуди соработка. Тоа не е лоша опција. Најдете време за дружење и љубов иако сте зафатени. Доколку сте во врска, удоволете му на партнерот. Доколку сте слободни, можно е интересно познанство на работа.

Стрелец

Потрудете се да напредувате на работа и се да биде завршено на време. Организирајте се малку подобро, така да имате време и за работа и за забава. Некои планови нема да можат да се остварат како што сте замислиле, но не очекувајте помош. Морате сами да завршите. Можно е да постои проблем со комуникацијата со партнерот. Доколку сте слободни, не враќајте се на поранешниот љубовник, тоа не може да биде добро.

Јарец

Мора да бидете практични. Испланирајте се однапред. Така ќе го намалите стресот. Треба да ги завршите обврските кои веќе сте ги започнале. Одбегнувајте да ги советувате другите, бидејќи може да бидете сфатени на погрешен начин. Во љубовта нема промени, без разлика дали сте слободни или во врска. Не ви е тоа приоритет.

Водолија

Не им верувајте на сите, не се сите искрени со вас. Некои личности можат да ви ветат многу, а ништо од тоа да не го исполнат. Оваа недела земајте се со резерва. Страсни сте, но внимавајте да не влетате во некоја несериозна врска. Важно е да имате добра комуникација со партнерот. Ова не е добра недела за патување.

Риби

Изненадни трошоци се сигурни. Ико постои можност да сте напнати поради работата и парите, некоја женска личност со која соработувате може да ви биде од помош. Немате идеална комуникација со другите, па би требало да одбегнувате потпишување на некои битни документи или купување на техника. Внимателно разговарајте со саканата личност за да ги избегнете расправиите. Доколку сте слободни, некоја личност од минатото можно е да се врати во вашиот живот.

loading...