Неделен хороскоп: Раковите напнати и нервозни, Лавовите креативни

од Elena Daskalova

Веќе тече втората половина од последниот месец за оваа 2019 година. Што ви носи претпоследната недела од декември на поле на љубов, работа и здравје?

Овен

Конечно се намалува тензијата со саканата личност, двете страни со исладени глави ги решаваат проблемите. Слободните Овни привлекуваат внимание каде и да се појават. Време е за нов љубовен интерес. На работа, не ви е исплатливо да планирате многу однапред. Бидете активни и ангажирани, но никако брзоплети. Планирајте ги попаметно и трошоците. Здравјето ви е добро, но обидете се да не подлегнувате на големиот апетит, особено сега, во периодот на славите.

Бик

Љубовната енергија ви е променлива, час сте пасивни, а веќе во следниот миг сакате поголема активност. Партнерот се обидува да ве следи во чекор. Ако сте слободни, очекувајте интересни љубовни случувања во текот на викендот. На работа ќе губите залудно време на непотребни нешта, документации, сметки и хартии од вредност. Направете листа со приоритети. Оваа недела ве очекува прилив на пари, па нема да почувствувате толку мнногу дека трошите. Грлото ви е надразнето. Избегнувајте алкохол.

Близнаци

Комуникацијата со партнерот оваа недела е најважна. Обидете се да не лажете, бидејќи и најситните „бели“ лаги може да направат проблем. Слободните Близнаци имаат изразена желба за забава. Се чувствувате како на работа да тапкате во место, бидејќи резултатите стагнираат. Но, ова е само привремено. Внимавајте и на својот паричник, некако многу лесно се лизгаат парите од него. Можни се проблеми со преладеност и настинки. Оваа недела ќе уживате во добра храна, без воопшто да ви создава проблеми.

Неделниот хороскоп за другите знаци прочитајте го ТУКА.

Слични содржини