Неделков: Иницијативата на ректорите за основање нивен синдикат е противзаконска

од Stefanija Kuzmanovska
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска на прес изјави дека иницијативата на ректорите за основање нивен синдикат е скандолозна и противзаконска.
-Оваа иницијатива е скандолозна и противзаконска. Строго е забрането мешање на работодавачите во синдикатите. Овој синдикат, според наши информации, требал да се формира заради покачување на платите. Сакам да кажам дека оваа теза за формирање нов синдикат е ноторна лага бидејќи за тоа постои СОНК. Процедурата е тотално погрешна за формирање на овој синдикат, изјави на прес Неделков.
Тој ги повика ректорите да прекинат со постапката за формирање на нови синдикати, бидејки со тоа прават кривично дело за кое можат да одговараат.
Неделков го повика и МОН за потпишување на колективен договор на ниво на работодавец и установа.
Само СОНК има право да потпишува колективен договор, додаде тој.
И. Р.

 

Слични содржини