НЕДЕЛНА СТАТИСТИКА: Од 124 починати, 27 биле вакцинирани

од Берта Китинска

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти со ковид-19, од кои повеќе од 78% биле невакцинирани, соопшти денеска Министерството за здравство. Од вкупно починатите пациенти во тој период, 97 лица биле невакцинирани, а само 27 примиле вакцина и ревакцина.

Еден пациент е вакциниран со вакцина на „Фајзер“, двајца со „АстраЗенека“, шестмина примиле вакцина „Синовак“, 16 пациенти примиле вакцина од производителот „Синофарм“, двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината „Спутник V“.

Министерството за здравство информира и за возраста и за хроничните заболувања што ги имале пациенти, кои починале со ковид, a биле вакцинирани.

15 октомври

71 год. кардиолошко заболување
80 год. кардиолошко заболување
75 год. кардиолошко заболување ДМ

16 октомври

69 год. кардиолошко заболување и дијабет
72 год. со кардиолошко заболување и заболување на тироида
74 год. кардиолошко заболување и дијабет
68 год. каридолошко заболување и обеситас

17 октомври

87 год. кардиолошко и пулмолошко заболување
86 год. кардиолошко заболување и дијабет
65 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување и обеситас
75 год. кардиолошко заболување
80 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување
63 год. кардиолошко заболување
69 год. каридолошко заболување и белодробно заболување
71 год. кардиолошко заболување, пулмолошко заболување и дијабет
69 год. кардиолошко заболување и обеситас

18 октомври

68год. кардиолошко заболување
72год. белодробно заболување
80год. кардиолошко и белодробно заболување

19 октомври

74год. крдиолошко заболување и обеситас
83год. HTA ABI
81год. HTA

20 октомври

79год. HBI
79год. ХОББ и кардиолошко заболување
67год. кардиолошко заболување

21 октомври

93год. кардиолошко заболување
89год. HTA белодробно заболување

 

 

Слични содржини