Неделно мени што го намалува крвниот притисок: Идеална диета за секој кој страда од хипертензија!

од Vladimir Zorba

Хипертензијата е најзначаен фактор на ризик за голем број кардиоваскуларни болести и состојби што можат да бидат фатални.

Покрај редовната терапија со лекови, голема улога игра и здравата и урамнотежена исхрана.

Затоа, ви презентираме предлози за здрава исхрана кои ќе ви помогнат во борбата против високиот крвен притисок.

Понеделник:

Појадок: Овесна каша со јогурт и боровинки или некои други бобинки
Ужина: фрапе со малини
Ручек: печена мисирка (без кожа), пржен праз, домат, морков, зелена салата
Ужина: свежо сирење со интегрално парче леб
Вечера: рижото со зеленчук (интегрален ориз, кромид, домат, морков, црвен пипер, тиквички, рендан ѓумбир)

Вторник:

Појадок: краставици прелиени со јогурт, интегрално парче леб
Ужина: овошје
Ручек: супа од домати, салата со компири и морски плодови, млад кромид и пиперки
Ужина: пире од киви, ананас и сок од лимета
Вечера: парче пита со спанаќ и сирење, домат, јогурт со малку маснотии

Среда:

Појадок: омлет со сирење (1 јајце, 30 гр полу-тврдо сирење, лажичка маслиново масло), парче леб од хељда, кисело млеко со малку маснотии
Ужина: јаболко, 8 бадеми
Ручек: супа од тиквички, печено телешко месо со зеленчук (модар патлиџан, пиперки, моркови, кромид), доматна салата
Ужина: овошје
Вечера: болоњезе, зелена салата, кефир

Четврток

Појадок: тврдо варено јајце, јогурт, парче интегрален леб, банана
Ужина: две праски
Ручек: чорба со мешунки (наут, леќа, јачмен, кромид, морков, компир, целер, магдонос, зачини); салата од свежа зелка
Ужина: круша
Вечера: димено тофу сирење, црвен пипер, прелиен со исцеден сок од лимон и лажица маслиново масло, парче интегрален леб, кефир

Петок:

Појадок: јогурт со малку маснотии, сецкано овошје (јагоди), лажица мелено семе од лен и семе од чиа
Ужина: грозје
Ручек: пилешко на скара, варен зелен зеленчук посеан со кратко пржени бадеми
Ужина: круша
Вечера: скуша печена, парче црн леб, зелена салата, чај

Сабота:

Појадок: парче леб од хељда, лажица намачкано млеко или диетален џем, јогурт со две урми
Ужина: свежо исцеден сок од портокал
Ручек: бистра супа, пржени сардини, варена брокула со компири, салата по избор
Ужина: јаболка
Вечера: свежо сирење со власец прелиен со јогурт

Недела:

Појадок:’ржан леб, млеко, 10 ореви
Ужина: 5 сливи и свежо исцеден сок од портокал
Ручек: пилешка чорба со интегрални тестенини, мешана салата
Ужина: јаболко
Вечера: риба печена во фолија, доматна салата, маслинки и кромид

Слични содржини