Недостасува заштитна опрема за лекарите во Британија

од Aleksandar Petrovski

Медицинскиот персонал во Велика Британија се уште нема доволно заштитна опрема потребна при лекување пациенти со коронавирусот, соопшти синоќа Британското медицинско здружение (БМА).

Од БMA наведуваат дека лекарите ги ризикуваат своите животи работејќи без соодветна заштита.

Соопштението следува откако секретарот за здравство, Мат Хенкок, рече дека 19 здравствени работници починале од коронавирусот во Велика Британија од почетокот на епидеммијата, јави Би-Би-Си.

Во петокот, 9.875 луѓе починаа во болниците во Велика Британија, што претставува зголемување за 917 од претходниот ден.

Хенкок, кој претходно изјави дека е има доволно заштитна опрема, изјави за Би-Би-Си дека владата испитува како заразените работници починале од вирусот – додавајќи дека некои можеби се заразиле и вон работното место.

Слични содржини