„Нефункционирањето на Собранието ја оптоварува благосостојбата на граѓаните“

од Destan Jonuzi

И власта и опозицијата се виновни за застојот и блокадите на работата на Собранието, смета политичкиот аналитичар и правник, Ќенан Алиу по највите дека на Извештајот на Европската Комисија (ЕК) за напредокот на Македонија се нотирани забелешки за политичката поделеност која го одложила усвојувањето на многу закони.

– Во политичките критериуми за членство во ЕУ има важен елемент кој е функционирање на демократијата. Оттука, нефункционалноста на Собранието сериозно влијае на овој политички критериум, па затоа тоа е забележано и во извештаите за напредокот на ЕК. За оваа забелешка вината е и кај парламентарното мнозиство, но и кај опозицијата. Сето тоа е последица на немањето политичка култура, појавата на разни хирови, непријателства, негодувања и разбирливо различни интереси. Како е можно Собранието да не го најде компромисот, на пример за изборот на уставни судии, кога на оценката за уставноста и законитоста во државата секоја година влијае некомплетноста на составот на судиите, можеби има и други фрапантни примери за довршување и промена на многу закони поврзани со економијата на земјата во ова време на криза, изјави Алиу за „Локално“.

Ќенан Алиу

Тој наведува дека, со нефункционирање на Собранието се оптоварува благосостојбата на граѓаните, дури и крената на врвот.

– Многу е важно да се избере условот законодавецот да постапува достоинствено во општ интерес и според негово убедување и да не копче за гласање само на сејмените и партиските интереси, нагласи тој.

Во извештајот на ЕК се наведува дека работата на парламентот била нарушена поради политичка поделеност која го одложила усвојувањето на многу закони. Според истиот, потребно е добро планирање и консултации за да се ограничи носењето на законите по итна постапка, а пратеничките прашања треба да бидат почести.

– Потребни се одлучни напори за да се воспостави моментум за реформи и пристапување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е посебен фокус за да се обезбеди ефективно спроведување на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи“, се наведува во извештајот.

Д.Ј.

Слични содржини