Негативен е тестот на Ковид-19 на портпаролката на СДСМ

од Vladimir Zorba

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на својот Фејсбук профил соопшти дека нејзиниот тест за Ковид-19 е негативен.

„Големо благодарам до сите кои ме контактираа и покажаа грижа за моето семејство и за мене. Таквата поддршка многу значи.

На сите кои се во самоизолација и во исчекување, им посакувам добри вести.

На тие кои се позитивни и се борат со вирусот, им посакувам брзо и лесно заздравување“, посочи портпаролката.

Слични содржини