Неговото спасување во 2018 година го следеше целиот свет, пет години подоцна пронајден мртов

од Stefanija Kuzmanovska

Во јуни и јули 2018 година, целиот свет со огромно внимание ја следеше драмата што се одвиваше на Тајланд, во пештерата Там Луанг, кога 12 момчиња од локалниот фудбалски клуб на возраст од 11 до 16 години, придружувани од 25-годишниот тренер, исчезнаа за време на турнејата.

Драмата траеше од 23 јуни до 10 јули, а заврши среќно, бидејќи сите 12 млади фудбалери, но и тренерот беа успешно спасени.

Помалку од пет години подоцна, нивниот капетан, Дуангфет Промтеп, беше пронајден мртов под неразјаснети околности.

17-годишникот се преселил во Англија за да учи на фудбалскиот колеџ Брук Хаус, каде што бил пронајден без свест. Иако речиси веднаш бил пренесен во болница, не можеле да го спасат.

„Овој настан предизвика голема тага во нашата заедница. Соединети сме во болката заедно со неговото семејство, пријателите, соиграчите и сите кои беа дел од неговиот живот“, изјави Иан Смит, првиот човек на оваа институција.

Причината за смртта не е објавена, но полицијата во Лестершир изјави за Би-Би-Си дека нема причина за сомнеж дека станува збор за злосторство.

Слични содржини