Нехигиенски навики, споделување шминка – ова никогаш не го правете

од Elena Daskalova

Ако заедно се подготвувате за излегување со другарките, често се случува да побарате или да ви побараат од вашиот кармин, четка за коса, дезодоранс…

Unsplash

Но, повеќе од јасно е дека она што го нанесувате на очите, на кожата и на косата, не треба да биде споделувано.

Четка и чешел за коса

Може да побарате четка или чешел или да позајмите, само ако претходно добро го измиете и дезинфицирате. Во спротивно, може да се пренесат габични спори, нечистотии, честици од првут и многу други нешта што не сакате да се најдат на вашата коса.

Кармин

Кармините, дури и најскапите, се идеални за развој на бактерии. Било да е течен или цврст, карминот може да пренесе вирус на херпес. Истото важи и за балсамите за усни и сјаевите кои се нанесуваат со апликатор.

Ноктарици и ножички за нокти

Дури и ако само вие го користите овој прибор, одвреме-навреме треба добро да го дезинфицирате и секако, не е потребно да се нагласува дека не е препорачливо позајмување.

Маскара

Маскара нанесувате непосредно покрај очите, а како што веќе знаеме, околу очите постојат идеални услови за развој на инфекции. Ако немате маскара, подобро нанесете малку балсам за усни на врвот на трепките за да изгледаат визуелно погусти.

Козметика во теглички

Креми за лице, подлоги, пудра, кремасти сенки, кремаст туш за очи, што и да е, а се нанесува со земање со прсти, треба да остане само на оној кој го купил тој производ.

Дезодоранс и антиперспирант во стик

Единствен ваков производ кој смеете да го позајмите е оној во спреј. Секој друг начин е само непотребно изложување на ризик за фоликулитис (затнување и воспалување на фоликулите под пазувите).

Слични содржини