Неидентификуван авион нападнал област богата со нафта во Сирија

од Stefanija Kuzmanovska

Неидентификуван воен авион денеска нападнал област богата со нафта во источна Сирија, контролирана од владините сили и иранските групи, објави Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

Во соопштението се наведува дека во тој напад се слушнале пет експлозии, втор за една недела, но дека нема жртви или материјална штета.

Дир Ез-Зор е стратешка провинција која се граничи со Ирак и има нафтени полиња. Полицијата и режимските сили поддржани од Иран ја контролираат областа и често биле цел на израелски напади.

Израел во текот на годините изврши стотици напади врз цели во Сирија, но ретко презема одговорност. Минатата недела во израелски ракетен напад врз предградијата на сирискиот главен град Дамаск загинаа четворица војници, а тројца беа ранети.

Слични содржини