Неизвесен настапот на Надал во Лондон

од Aleksandar Petrovski

Настапот на Рафаел Надал на завршниот Мастерс во Лондон се уште е под голем знак на прашање.

Првите тестови кои се објавени во неделата, не дале јасна слика за состојбата на повредениот абдоминален мускул.

Резултатите ќе бидат проследени до докторот на Надал, Анхел Руис Котор кој ќе одлучи дали тој ќе може да игра или не.

„Да не се повлеков во мечот со Шаповалов, немаше да биде добро. Ја минав истата приказна и претходно, затоа лекарите ми препорачаа пауза. Не смеам да си дозволам да правам погрешни потези. Целта ми е да се опоравам, но се надевам дека ќе бидам во состојба да играм во Лондон, тоа ми е целта“, изјави Рафа, кој е презадоволен од сезоната.

„Многу сум задоволен со направеното во сезоната. Беше тешко на почетокот, но најдов начин да се вратам на највисоко ниво и еве сега сум повторно прв. Горд сум на себе“, рече шпанскиот тенисер.
Во случај Надал да не игра во Лондон, прва резерва е Шпанецот Роберто Баутиста Агут.

Слични содржини