Неизвесно е дали Бучковски ќе сведочи за „Маџар телеком“, бидејќи е осомничен во предистрага на СЈО

од desk2

На денешното рочиште за случајот „Маџар телеком“ одбраната уште еднаш побара екс премиерот Владо Бучковски да се појави како сведок, поради што инсистираа и обвинителката Лиле Стефанова да се произнесе за овој предлог.

Обвинителката Стефанова пак посочи дека не во можност да се произнесе на денешното рочиште, бидејќи како што појасни, треба да превземе дополнителни дејствија, посочувајќи дека Бучковски е осомничен во предистражна постапка на СЈО за предмет кој е поврзан со „Маџар телеком“. Поточно Бучковски можеби ќе стане обвинет, па затоа не може да се појави и како сведок.

-За да се произнесам по овој предлог потребно е СЈО да превземе други дејствија зошто Бучковски се јавува како осомничено лице во друга предистражна постапка која е тесно поврзана со овој предлог, истакна обвинителката Стефанова./Fokus

Слични содржини