Нејмар бара поголема почит од бразилската јавност

од Nikola Popovski

Бразилскиот фудбалер Нејмар по натпреварот со Перу изјави дека заслужува поголема почит од домашните навивачи и медиумите.

„Не знам што друго треба да направам во овој дрес за навивачите да ме почитуваат“, изјави Нејмар.

Напаѓачот на францускиот Пари Сен Жермен во победата од 2-0 против Перу во квалификациите за Светското првенство во 2022 година, имаше ефект од еден гол и асистенција, но повторно беше цел на критики, бидејќи неговите обожаватели негодуваат на неговиот начин на живот, однесување на теренот и бројните расправии со противнички играчи.

„Веќе не е нормално. Понекогаш дури и не сакам да давам интервју, но во важни моменти ја преземам својата одговорност и ја извршувам својата должност“, заклучи Нејмар.

Нејмар досега настапи на 113 натпревари за репрезентацијата на Бразил и постигна 69 голови.

Слични содржини