Нејмар бил информиран дека е несакан во ПСЖ

од Vladimir Zorba

И ова лето се формира трансфер сага околу Нејмар и во оваа фаза е многу тешко да се предвиди што ќе се случи со Бразилецот. Извесно е дека Пари Сен Жермен се обидува да се ослободи од него, а според „Ел Паис“ клубот го известил таткото на 30-годишниот напаѓач за своите планови.

Гласините за раскинување со Нејмар се појавија откако ПСЖ загуби од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите. Самиот фудбалер во неколку наврати изјави дека сака да остане на Паркот на принцовите, но се предомислил по неодамнешното интервју со претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи, кој избегна да одговори на прашањето дали Бразилецот ќе продолжи да биде централна фигура во проектот на Парижани.

Нејмар се почувствувал навреден и е подготвен да си замине, но неговиот трансфер нема да биде лесен. Неговиот поранешен клуб Барселона нема доволно пари за да направи ваква операција, а Јувентус само би го зел под наем. Во оваа ситуација, најреално изгледа напаѓачот да се сврти кон Челси, како што советува неговиот сонародник и добар пријател Тиаго Силва.

Слични содржини