Нејмар до навивачите: Ќе се уморите од свирежите, тука сум уште три години!

од Vladimir Zorba

Ниту на денот кога Пари Сен Жермен ја обезбеди новата француска титула, немаше мир меѓу навивачите и играчите.

Ултрасите порано го напуштија „Паркот на принцовите“ во знак на протест, со што сакаа да испратат порака до управата и играчите, а во текот на мечот, Нејмар во неколку наврати добиваше свирежи.

Фудбалерите свиреа уште од елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

„Свирежи на навивачите? Ќе се изморат од свирежи бидејќи имам уште три години договор овде, подобро да престанат, ќе останат без воздух“, изјави Нејмар.

Играчот од средниот ред Марко Верати изјави дека не му е јасно таквото однесување.

„Има навивачи кои не ја слават титулата, не го разбирам тоа. Тоа е фудбал, некогаш победуваш, некогаш губиш. Ние сме нормални луѓе, доживуваме неуспеси, но оваа титула е важна“, вели Верати.

Напаѓачот Килијан Мбапе истакнува дека радоста не му е расипана.

„Славевме меѓу себе. Рано направивме разлика во првенството и многу сме среќни. Никој не може да ми го расипе задоволството. Многу се жртвувавме, сакаме да ги запишеме нашите имиња во историјата. Реакциите на навивачите не влијаеа на мене“, изјави Мбапе.

Слични содржини