Нејмар мора да оди на суд поради измама, му се заканува казна од две години

од Nikola Popovski

Бразилскиот фудбалер ќе има проблеми непосредно пред почетокот на Светското првенство.

Нејмар ќе мора да оди на суд во Барселона поради обвинувањата за нерегуларности околу неговиот трансфер во каталонскиот клуб од Сантос во 2013 година.

Фудбалерот на Париз Сен Жермен е обвинет за измама и корупција, а судењето ќе започне на 17 октомври, само еден месец пред Светското првенство во Катар и ќе трае две недели.

Барселона за Нејмар на Сантос му плати 88 милиони евра, но покрај редовните трансфер текови имаше и многу бизнис во сивата зона, а во сето тоа беше вклучен и таткото на Нејмар.

Така на суд ќе се појават и Нејмар да Силва Сениор, како и двајцата поранешни претседатели на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу и Сандро Росел.

Во 2017 година Барселона го продаде Нејмар на Париз Сен Жермен за рекордни 222 милиони евра, а Бразилецот постигна 100 гола на 144 натпревари за францускиот клуб.

Слични содржини