Нејмар: Ни претстои тешка сезона, но гледам дека тимот е се подобар

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, зборуваше за подготовките за сезоната 2022/23 и истакна дека му е важно да се претстави добро на Светското првенство 2022. Очигледно, тој ќе ги искористи првите натпревари од сезоната за да биде во оптимална форма за Светското.

„Ни претстои тешка сезона, мораме да се подготвиме, но гледам дека тимот е се подобар. Сега главна задача е натпреварот од Суперкупот на Франција против Нант, кој ќе биде на 31 јули. Лично јас имам цел да заминам на Светското првенство во Катар во најдобра форма“, изјави Нејмар.

Репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во Катар во 2022 година ќе игра во групата Г заедно со селекциите на Србија, Швајцарија и Камерун.
Турнирот ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година.

Слични содржини