Нејмар открил дека Мбапе побарал негово заминување

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе побарал од челниците на парискиот клуб да го продадат бразилскиот играч Нејмар до крајот на летниот преоден рок, пренесуваат француските медиуми.

„Eкип“ наведува дека односите меѓу двајцата играчи на Пари Сен Жермен се затегнати, бидејќи Нејмар открил дека Мбапе побарал од челниците на клубот да го продадат бразилскиот репрезентативец.

Француските медиуми истакнуваат дека Мбапе добил големи овластувања во клубот со продолжување на договорот, а има и улога на консултант.

„Тензиите меѓу двајцата играчи беа забележани и на натпреварот со Монпелје. Мбапе го промаши пеналот, иако е познато дека Нејмар е првиот изведувач на пенал. Нејмар го изведе вториот пенал и ја погоди мрежата на Монпелје. На едно видео од натпреварот се гледа дека Мбапе во средната акција, несреќен што не ја доби топката, застанува и не сака понатаму да учествува во играта. Клубот ќе организира состанок со Мбапе и Нејмар, а тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие и спортскиот директор Луис Кампос ќе се обидат да ги решат проблемите меѓу двајцата играчи“, наведува „Екип“.

ПСЖ во саботата го совлада Монпелје со 5:2 во второто коло од новата сезона во францускиот шампионат. Нејмар постигна два гола на овој натпревар, а Мбапе еднаш се запиша во листата на стрелците.

Слични содржини