Нејмар сака да ја заврши кариерата во МЛС

од Vladimir Zorba

Нејмар, ѕвездата на бразилската репрезентација и француски ПСЖ, изјави дека на крајот од кариерата би сакал да игра во американската МЛС лига.

Како што рече 30-годишниот во подкастот „Феноменос“ со легендата на бразилскиот фудбал Роналдо Назарио, кариерата сака да ја заврши во САД, а не во Бразил.

-Таму првенството е кратко. Би имал три месеци одмор, изјави на шега Нејмар, додавајќи дека би сакал да игра во САД барем една сезона, а може и повеќе.

Истакна дека ќе игра фудбал додека не се преоптовари и додаде дека со ПСЖ има договор до 2025 година кога ќе наполни 34 години, пренесе mlssoccer.

Фудбалерите летово ги очекува Светското првенство во Катар каде Нејмар за фаворити ги постави репрезентациите на Франција, Германија, Аргентина и Шпанија.

Тој се осврна и на влошените односи меѓу бразилските навивачи и нивната репрезентација и изјави дека „жалосно е што игра во генерација каде националниот тим веќе не им е толку важен на луѓето“.

Слични содржини