Нејмар сака да работи со Зидан

од Vladimir Zorba

Раководството на ПСЖ продолжува да работи напорно за назначување на нов тренер по крајот на сезоната.

Сегашниот тренер на „принцовите“, Унаи Емери е сметан за сигурен патник поради елиминацијата од Реал Мадрид во 1/8-финалето во Лигата на шампиони, со вкупен резултат 2: 5. Токму архитектот на успесите на „белите“ во последните две години – Зинедин Зидан, е меѓу потенцијалните заменици на Емери.

Според информациите на „El Chiringuito TV“ најголемата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар ги советувал шефовите да направат обид да го примамат Зизу да се пресели на „Парк де Пренс“. Останатите споменувани имиња за нов тренер на ПСЖ се на Томас Тухел, Луис Енрике, Карло Анчелоти и Макс Алегри.

Во листата на ПСЖ е и менаџерот на Челзи, Антонио Конте, кој најверојатно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ по крајот на сезоната.
Освен за Зидан, Нејмар лобира и за Луис Енрике, со кого работеа заедно во Барселона.

Слични содржини